Connect with us

банки

Google Pay овозможен за корисниците на платежни картички од Стопанска банка АД – Скопје

објавено

на

Како и кај другите бесконтактни трансакции, така и при плаќање со Google Pay не е потребно да внесувате PIN за секое плаќање. Доколку трансакцијата е помала од 2.000 денари, доволно ќе биде да го допрете екранот на паметниот телефон, додека за поголемите, екранот сепак ќе треба да се отклучи.

Google Pay стана достапен за корисниците на платежни картички VISA и MasterCard издадени од Стопанска банка АД – Скопје. Со тоа, клиентите на Банката се во друштво на корисници од 60 други земји од светот кои имаат можност да плаќаат во ресторани, продавници, но и онлајн преку апликацијата Google Wallet.

Google Pay е достапен за сите корисници на уреди со Android во Македонија кои имаат Android оперативен систем, поддржуваат технологија NFC и (барем повремено) имаат стабилна интернет конекција на тој уред. Имено, не е неопходно уредот да е секогаш поврзан на интернет при плаќање, туку може да се плаќа и без интернет пристап, а системот ќе го ажурира салдото по поврзувањето на интернет. Посебно внимание се посветува за безбедноста на картичките и сметките на корисниците така што, броевите на картичките не се зачувуваат на самиот уред, туку на серверот, па се намалува ризикот некој да ги украде броевите на картичката со кражба на мобилниот уред. Google Wallet користи токенизација, односно при подготовка на трансакција создава виртуелен број на сметка така што дури и трговецот не може да го дознае бројот на сметката.

Како и кај другите бесконтактни трансакции, така и при плаќање со Google Pay не е потребно да внесувате PIN за секое плаќање. Доколку трансакцијата е помала од 2.000 денари, доволно ќе биде да го допрете екранот на паметниот телефон, додека за поголемите, екранот сепак ќе треба да се отклучи.

Google ја избра Стопанска банка АД – Скопје за свој партнер во воведувањето на Google Pay. За да го користите овој начин на плаќање, треба да ја преземете апликацијата Google Wallet од Google Play и по инсталацијата да ги додадете вашите дебитни или кредитни картички Visa или MasterCard од Стопанска банка АД – Скопје. Потоа, кога купувате, само разбудете/активирајте го вашиот паметен телефон и допрете го до терминалот за бесконтактно плаќање. За трансакции над 2.000 денари, како дополнителна безбедносна мерка, потребно е да го отклучите мобилниот уред.

Услугата Google Pay е интегрирана во сите производи на Google и го олеснува купувањето на филмови, книги и плаќања во апликации од трети страни. Исто така, услугата ви овозможува да зачувате ваучери, картички за лојалност, за транспорт и картички за подарок и да ги користите при плаќање. Дополнително, Банката ги овозможи и плаќањата преку други видови мобилни уреди како Garmin часовници, Fit Bit и часовници со Wear OS.

– Задоволни сме што Стопанска банка АД – Скопје на своите клиенти им ја обезбедува услугата Google Pay за користење со своите платежни картички. Услугата е достапна за сите клиенти на Банката, корисници на паметни телефони со оперативен систем Android, како и корисници на дебитна или кредитна картичка од MasterCard или од Visa преку апликацијата Google Wallet. Благодарение на партнерството со Google, Стопанска банка АД – Скопје ја потврдува својата лидерска позиција кај населението и во следниот период ќе ги презентира новите функционалности на граѓаните низ републиката – изјави Стефан Пепоски, директор на Сектор за картични производи и директно банкарство.

економија3 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки21 час ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас