Google под сѐ поголем притисок од истрагата на ЕК – му се заканува казна од неколку милијарди долари
Објавено на од во hi-tech & business

Европската комисија испратила листа со прашања до компаниите што може да бидат засегнати од практиките на Google, пишува The Wall Street Journal. Со ова ЕК влегува подлабоко во антимонополската истрага против интернет гигантот што неодамна е под холдингот Alphabet, основан, како и самиот Google, од Лери Пејџ и Сергеј Брин. Меѓу обвинувањата против Google се копирање содржини од конкурентски платформи, злоупотреба на доминантната позиција во бизнисот со онлај рекламирање, и давањето приоритет на резултатите од сопствените услуги, во однос на оние што ги нуди конкуренцијата.

Меѓу другото, ЕК во прашалниците до компаниитесе интересира точно какви информации Google копира од конкурентските сајтови, и дали на некој начин сајтовите биле условувани да ја користат само рекламната платформа на Google.

Својата одбрана Google треба да ја испрати до крајот на месецов, откако доби двонеделно одложување по свое барање. Претходното рочиште беше до 15 август. Google досега ги искористи двете дозволени одложување – нема право на трето.

Паралелно со овој процес продолжува и оној во чие средиште е оперативниот систем Android. Европските регулатори проверуваат како Google го распространува и се обидува да го наметне Android. Ако интернет гигантот се покаже виновен, казната може да изнесува неколку милијарди евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×