Google преку вселената ќе носи интернет и во најзафрлените места на Земјата
Објавено на од во hi-tech & business

Google се шири и во вселената за на Земјата интернет да добијат и нејзините краеви што уште не се фатени во глобалната мрежа. За целта, гигантот од Маунтин Вју ќе вложи милијарди во Space X, проектот за транспорт во вселената, зад кој стои Илон Маск, иноваторот-претприемач и основач на PayPal и на Tesla Motors. Заклучокот за вредноста на инвестицијата во Space X е извлечен врз база на проценката на Google дека проектот вреди над 10 милијарди долари.

Иако деталите од соработката сеуште не се познати, јасно е дека интересот на Google не е поврзан со колонизацијата на Марс од страна на Земјаните (за што Маск зборуваше пред две години), туку со развојот и со лансирањето на сателити што би помогнале интернетот да се донесе и во оние делови од планетата кадешто досега не било исплатливо да се стори тоа. Секако, Google има предвид дека во овие краеви може да прави бизнис (да добие нов пазар за своите производи и услуги) само ако понуди евтин интернет. На Space X ова нема да им биде прва соработка со играч од А-класата – во 2006 година потпишаа договор со НАСА за снабдување и за помош во одржувањето на Меѓународната вселенска станица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×