Google преминува на виртуелна реалност во обуката на вработените
Објавено на од во hi-tech & business

Google почна со тестирање на употреба на виртуелна реалност во обуката на новите вработени. Конкретно, во Google Daydream Labs спроведено е тестирање чија цел е да се утврди со што се постигнува поквалитетна обука на новите вработени – дали со традиционалниот метод со гледање видео материјали за обука или со употреба на виртуелна реалност.

Експериментот вклучувал две групи неодамна примени вработени кои се натпреварувале во подготвување што подобро кафе. Едната група следела едукациски видео материја на YouTube,  а другата поминала курс во виртуелна реалност што вклучувал симулација на апарат за еспресо.

Иако според комисијата на Google ниту една група не направила совршено кафе, сепак, на групата обучена со ВР ѝ требало помалку време и направила помалку грешки во однос на групата што учела на YouTube.

Сепак, во Google истакнуваат и некои негативни аспекти на обуката со ВР, како што е, на пример, поретко постапување на испитаниците според однапред назначените упатства, поради што целата обука преку виртуелна реалност е променета за повеќе да одговара на стилот на видео игрите, при што секој чекор се изведува без некој посебен однапред одреден распоред.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×