Google Research станува Google AI – утре во Белата куќа состанок за иднината со вештачката интелигенција  
Објавено на од во hi-tech & business

Google одлучи да го затвори својот досегашен оддел за истражувања Google Research, за да отвори целосно нов оддел под името Google AI.

Новиот Google AI на едно место ја обединува вештачката интелигенција и сите досегашните проекти на Google Research. Со оглед на новото име на одделот, може да се заклучи дека Google AI во иднина примарно ќе се фокусира на истражувања поврзани со вештачката интелигенција, кои не недостасуваа ниту досега.

Меѓу проектите се споменуваат такви што ќе бидат базирани на здравствени проекти, AutoML машинско учење …

Инаку, во согласност со предупредувањата од голем број експерти дека забрзаниот развој на машинското учење и на вештачката интелигенција може да има значајно влијание на развојот на економијата и на бројни индустрии, американските власти свикаа состанок на темата. Така утре (четврток) во Белата куќа ќе дојдат претставници на големи технолошки компании што се занимаваат со вештачка интелигенција за да разговараат за иднината на овој план.

Покани за состанокот се испратени до Facebook, Amazon, Alphabet, Microsoft, Intel, Oracle, Ford, Nvidia, Boeing … Администрацијата на Трамп од нив, но и од академската заедница, ќе побара создавање регулатива што би го поттикнала развојот на вештачката интелигенција во подрачјето на земјоделието, здравството и транспортот, а ќе стане збор и за владините инвестиции во AI.

Белата куќа сака да се обиде да создаде поттикнувачко опкружување за развој на нови технологии што ќе им користат на луѓето и ќе донесат напредок, но исто така да се обезбеди дека AI нема да доведе до загуба на преголем број работни места.

Инаку, за потсетување, лани рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи за вештачката интелигенција како клучна технологија за иднината, рече дека „тој што ќе стане лидер во оваа сфера ќе стане владетел на светот“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×