Google за 1,1 милијарди долари го купи половина од тимот на HTC за истражување и развој
Објавено на од во hi-tech & business

HTC и Google објавија дека постигнале 1,1 милијарди долари вреден договор, според кој гигантот од Маунтин Вју од Тајванците го купува тимот што за него ги работеше Pixel телефоните. Се работи за околу 2.000 луѓе, односно половина од тимот на HTC за истражување и развој.

Google очекува дека зделката ќе се комплетира на почетокот на следната година, а со ова станува многу посилен играч меѓу производителите на мобилни телефони. Освен луѓето кои веќе работеле со Google на Pixel телефоните, компанијата ќе ги добие и лиценците за интелектуалната сопственост на HTC. Тајванците лани за Google ги произведоа Pixel и Pixel XL,  а на почетокот на октомври ќе бидат претставени новите верзии на овие телефони.

Google пред шест години ја купи Motorola Mobility за 12,5 милијарди долари, за да ја продаде три години подоцна. Како што пренесува BBC, Google со новата зделка од HTC добива одлични експерти за дизајн и развој, а Тајванците пари за одржување на својот оддел за мобилни телефони, фокусирајќи се на „флегшип“ уредите, и за развој на виртуелна стварност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×