Горан Трајковски предложен за нов член на УО на Еуростандард банка
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Горан Трајковски е предложен за нов член на Управниот одбор на Еуростандард банка АД Скопје по препорака на Надзорниот одбор на банката. Процедурата за именување на Трајковски како член на УО на банката е во тек, информираат од Еуростандард банка.
Goran-TrajkovskiОттаму соопштуваат дека Зоран Николовски, долгогодишен член на Управниот одбор на банката, поради приватни причини се повлекува од функцијата Член на Управниот одбор. Својата експертиза, Николовски ќе продолжи да ја споделува како советник на Управниот одбор на Еуростандард банка.
Николче Петкоски останува на функцијата Претседател на УО на Еуростандард банка.
Собранието денеска ја констатира оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци на негово барање. Трајковски во оставката, која во Собранието е доставена во петокот, пишува дека од лични причини си оди од ДЗЛП.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×