Град Скопје ќе почне постапка за присилна наплата на данок на имот и фирмарина за 2018
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Град Скопје информира дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 година.
скопјеВо март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои поседуваат недвижен имот и вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата на заостанатиот долг по доставената опомена е поминат, на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 година, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници, се вели во соопштението.
Градските власти им укажуваат на сите даночни и таксени обврзници кои по некои основи имаат заостанати и неплатени долгови да ги подмират.
„Доколку по добивањето на ваквото решение не го подмират долгот ќе се изготви решение за блокада на сметките на обврзниците по банки“, стои во соопштението од Град Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×