Градежништвото го сруши македонскиот БДП. Во вториот квартал пад од 1,8%!
Објавено на од во Економија

ГрадежништвоДржавниот завод за статистика објави дека бруто домашниот производ (БДП на Македонија во второто тромесечие годинава бележи пад од 1,8%.

Најголем пад од дури 17,3% има кај градежништвото, а пад од 1,6% има и кај преработувачката индустрија. Статистиката бележи пад на БДП и кај рударството од 1,4%, дејностите поврзани со недвижен имот од 2,6% и јавната управа, каде е регистриран пад од 4,1%.

Најголем раст на БДП во вториот квартал годинава има кај Земјоделството од 4,1% и трговијата на големо и мало, каде има раст на БДП од 3,9%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, финалната потрошувачка на домаќинствата која учествува со 70,7% во структурата на македонскиот БДП, во второто тримесечје од 2017 година номинално пораснала за 6 %. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 16%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7,3%.

Ова е втор последоватален квартал во кој македонската економија бележи лоши резултати, откако во првиот квартал статистиката покажа стагнација, односно 0% раст на БДП.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×