Градежниците потрошиле 25% помалку за материјали и гориво лани
Објавено на од во Економија

Околу 158 милиони евра или за 24,9% помалку од годината претходно, е вредноста на потрошените градежни материјали и енергија од страна на градежниците во 2017 година, 

construction

Според податоците на Државниот завод за статистика , во 2017 година, деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9,7 милијарди денари (околу 158 милиони евра), што е за 24.9 % помалку во однос на претходната година. Ова е уште еден индикатор за падот на градежната активност лани за 13,7%, како резултат пред с$ на помалиот износ на реализирани капитални инвестиции.

Најголемо учество во градежните материјали имаат материјалите за врзување, со 3,57 милијарди денари (58 милиони евра) или 36,8%, чијашто вредност минатата година паднала за 22,8%. Следи потрошеното гориво, со 1,77 милијарди денари (28,9 милиони евра) со помала вредност од 24,7%, материјали за армирање и прицврстување со 1,49 милијарди денари (24,2 милиони евра) со 36,4% пад, итн.

Најголем пад во вредноста на потрошените градежни материјали има кај дрвената граѓа, од 50,1%, на 196 милиони денари (3,2 милиони евра), којашто пак учествува со 2%.

Најголем пораст на вредноста има кај материјали за покриви, од 19,5%, чија вредност изнесува 13,5 милиони денари (220 илјади евра).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×