Градежниците предупредуваат: Становите ќе поскапат
Објавено на од во Економија
Повисоки цени на становите во наредниот период поради постојаниот раст на трошоците за градежни материјали и за вработените, очекува Градежната комора при Сојузот на стопански комори.
Zgradi_stanovi_1000-1024x1024
Ако сакаме, а мораме да градиме квалитетни станови, факт е дека цената ќе оди во нагорна линија, а колкав ќе биде процентот ќе покаже пазарот и тоа е реалноста”, вели Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора при ССК.

Според него, постојаниот раст на трошоците за градежни материјали и за вработените во градежните компании, го диктира и растот на цената на квалитетните станови и во следниот период нема да може да се понуди квалитетна градба по пониски цени. Последните податоци на Државниот зваод за статистика, посочи Јаќимовски, ја потврдуваат состојбата и покажуваат дека трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвртиот квартал лани во однос на истиот квартал од 2017 година се повисоки за 5,9 %, трошоците за материјали се зголемени за 3,2 %, а за вработените за 13 %.
“Поскапувањето е регистрирано во трите сегменти и точно едека има поскапувања во сите сегменти за изградба на квалитетени станови, кои се енергетски ефикасни, асеизмички стабилни. Ако го споредиме сегашниот период во однос на лани, може да зборуваме за поскапување на сите градежни материјали меѓу 10 и 15 проценти, наведе Јаќимовски.

Зголемувањето на трошоците е резултат на порастот на цената на енергенсите и транспортот и за материјалите што се увезуваат и за тие од домашно производство.
“Ако во изминатите години, исклучувајќи ги последните две во делот на високоградбата имаше континуитет и стабилност, во сегашните услови на правна неизвесност инвеститорите не с ево можност да инвестираат. Она што може да очекуваме во следниот период е дека нема да може да се понуди квалитетна градба по пониски цени, бидејќи растот на трошоците го диктира и растот на цената на квалитетните станови”, вели претседателот на Градежната комора Јаќимовски.
Како што укажа, користењето квалитетни материјали, со примена на најновите трендови за изградба на енергетски ефикасни станови со врвен квалитет, чинат повеќе, но долгорочно значат двојна заштеда.
“Во чекор со светските достигнувања во градежништвото, неопходно е следење и имплементација на најновите технологии и стандарди во насока на зголемување на конкурентноста и квалитетот на градбата. Сето тоа чини, време, средства и труд. Цената на становите во иднина ќе се движи во нагорна линија и тоа зависи исклучиво од квалитетот на градбата, локацијата, инфраструктурата и поволниот деловен амбиент”, рече Јаќимовски. Тој потсети и дека минатата година беше една од најлошите за градежништвото, сектор од чиј долгорочен развој зависи растот на 26 стопански гранки и на целата економија.
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×