Граѓаните и фирмите и должат 255 милиони евра на УЈП
Објавено на од во НАВИГАТОР

Entrepreneur With Bomb Of Financial CrisisНад 30 државни фирми на црната листа на даночни должници

Над 30 државни фирми се наоѓаат на црната листа на Управата за јавни приходи кои до 31 август не платиле даночни обврски достасани до 31 мај годинава. Меѓу нив највисоко котира јавното претпријатие Македонија Пат кое што има неплатен данок од 6,85 милиони евра.

Меѓу останатите државни даночни должници се и Македонски Шуми со даночен долг од 2,7 милиони евра, јавното претпријатие за комунални дејности Гостивар со долг од 2,8 милиони евра, јавното комунално претпријатие од соседниот град Тетово исто така, со долг од 1,8 милиони евра, Македонска Радио Телевизија со долг од 1,5 милиони евра.

Дел од директорите на јавните претпријатија објаснија дека даночните долгови се натрупани во претходните години, и дека со добивките од тековното работење ќе ги надоместат заостанатите обврски.

„Повеќе од половина од долгот е по основа на камати што УЈП ги пресметува секој ден и тоа е реален трошок што треба да го плати нашето претпријатие. Дел од долгот лани го плативме и сега поднесовме барање до УЈП за репрограмирање на преостанатиот долг. Со оглед на тоа што лани работевме профитабилно со добивка од околу 1,16 милиони евра, во текот на годинава сета оваа заработка ќе ја искористиме за пребивање на нашите даночни обврски. Правиме напори целосно да го подмириме долгот кон државата, бидејќи не сакаме да нѐ ставаат на црни листи од коишто потоа не можеме да учествуваме на тендери“, изјави неодамна директорот на Македонски Шуми, Жарко Караџоски и додаде дека сметката на претпријатието не е блокирана „пред сѐ поради добриот дијалог со УЈП, но и посветеноста редовно да се плаќаат тековните обврски“.

Економистите пак коментираат дека зачудува селективниот однос на органот за јавни приходи кој не ги блокира сметките на јавните претпријатија, иако често пати се работи за огромен износ на даночен долг од една, и ригидноста во постапувањето кога се работи за долг на приватна компанија од друга страна, како да се работи за два паралелни система.

Од Управата за јавни приходи објаснија дека „листата на должници не треба да се поврзува со присилна наплата или толеранција, бидејќи тоа не е критериум за објава на должници на листата, ниту пак, листата покажува какви мерки презема УЈП или државата за наплата на долговите. Секој од должниците во оваа листа се наоѓа во различна фаза на даночна постапка, тоа може да биде опоменување, редовни мерки на наплата, присилна наплата и слично, а може и одреден даночен обврзник да се појави на листата едноставно поради тоа што има проблем со ликвидност во опфатениот период“.

На новата должничка листа на Управата за јавни приходи (УЈП) се најдоа над 4.390 фирми и граѓани. Нив институцијата ги објавува како најголеми даночни должници, а овој месец вкупниот долг изнесува 255 милиони евра. Ако се споредува со минатиот месец, на листата сега фигурираат помалку субјекти, а за 10 милиони евра е помал и даночниот долг. Сепак вкупните обврски може и да се помали оти за ист долг солидарно одговараат сите капитално поврзани субјекти.

На последната листа се наоѓаат 3.310 фирми, а останатите 1.080 се граѓани, односно физички лица. Станува збор за листа на долгови за неплатен данок и придонеси кои стасале за плаќање на крајот на мај, а не се намирени до крајот на август .

Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×