Граѓаните и во мај ги повлекувале депозитите, извадиле 67 милиони евра од банките
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Трендот на повлекување на депозитите од банките продолжил и во мај. Откако во април беа повлечени 109 милиони евра од депозитите во банките, во мај депозитната база се намали за 22 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија.

Она што загрижува е дека многу голем износ повлекле граѓаните, односно дури 67 милиони евра, што значи дека политичката криза се уште има силно влијание врз довербата на граѓаните во банкарскиот сектор.

А фирмите кои во април повлекуваа депозити во мај ги вратиле своите пари во банките. Односно, тие депонирале вкупно 29,6 милиони евра во банкарскиот систем.

Банкарите, но и гувернерот Димитар Богов, неодамна смируваа дека по големиот „удар“ на повлекување на депозити во април, состојбата во мај се стабилизира. Но, сепак, според овие бројки, с’ уште не може да стане збор за целосно смирување на состојбите.

Претходно, во април, во екот на политичката криза и кулиминацијата на протетстите што ги погреа и шпекулациите за девалвација на денарот, граѓаните и фирмите повлекоа вкупно 109 милиони евра од банкарскиот сектор. Од нив, близу 63 милиони евра повлекоа граѓаните од своите влогови, но значајна сума подигнаа и компаниите, дури 42 милиони евра. Преостанатите четири милиони евра беа средства повлечени од други клиенти.

Во мај годинава се намалило и кредитирањето, и тоа за вкупно 6,8 милиони евра на месечно ниво.

Она што загрижува е значајното намалување на кредитирањето на компаниите во петтиот месец од годината, за 29,6 милиони евра. Додека, пак, банките во мај си продолжиле да го кредитираат населението, давајќи му нови кредити од 23 милиони евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×