„Гранит“ наместо „Трансмет“ ќе го догради автопатот Кичево – Охрид
Објавено на од во Компании
Скопски „Гранит“ ќе продолжи со изградбата на автопатот Кичево – Охрид онаму каде што запре фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан. Вредноста на неизвршените работи изнесува 54.442.364 евра. „ГД Гранит АД Скопје потпиша договор за отстапување на подизведувачките договори од Конзорциумот „Трансмет“ ДОО и „Херинг ДД Широки Бријег“ за изведување на Автопат Кичево – Охрид“, се наведува во соопштението на „Гранит“ објавено на веб – страницата на Македонска берза.
avtopatГлавен изведувач на овој автопат е кинеската компанија „Синохидро“, додека „Гранит“ и други фирми се ангажирани како подизведувачи. Ваквиот епилог доаѓа откако кинеската Ексим банка  им ги стави на располагање неопходните 380 милиони евра на македонските власти за довршување на автопатот Кичево – Охрид. Во речиси идентичен период, Јавното претпријатие за државни патишта во моментов избира проектант што ќе ја докомплетира проектната документација за автопатот, со што ќе се надминат веќе констатираните грешки во проектот.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека следната година ќе биде завршен половина од автопатот долг 57 километри, на потегот меѓу Врбјани и Охрид. Преостанатата траса на овој автопат е предвидено да се комплетира до јуни 2021 година. Проектот за изградба на автопатот Кичево – Охрид чини вкупно 598 милиони евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×