Гранит со голем пад на приходите и добивката во првите три месеци годинава
Објавено на од во Компании

ГранитГрадежната компанија Гранит објави дека првите три месеци годинава работела со оперативни приходи од 8,98 милиони евра, што е намалување од 46% во споредба со истиот период минатата година, покажува денеска објавениот тримесечен неконсолидиран извештај на компанијата објавен на Македонската берза.

Пиходите од продажба на Гранит на домашниот пазар во истиот период изнесувале 4,7 милиони евра и се намалени за дури 55%. Приходите од продажба во странство на Гранит во првото тромесечие годинава изнесуваат 465 илјади евра и тие се зголемени за 0,2%, во споредба со првиот квартал минатата година.

Оперативните расходи на компанијата за првите три месеци годинава се намалени за 44% и изнесувале 9 милиони евра, а биле поголеми за околу 93 илјади евра од остварените оперативни приходи во истиот период.

Голем пад Гранит има и кај нето добивката од работењето, која за првите три месеци годинава изнесува само 7.600 евра, што повеќекратно намалување во споредба со нето добивката остварена во истиот период лани во износ од 206 илјади евра.

Компанијата Гранит во март годинава вложи 7 милиони евра во купување на удел на акции од 4,99% во Комерцијална банка, плаќајќи цена од 3.750 денари по акција.

Гранит е една од најголемите компании во Македонија според приходите, која има 2.000 вработени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×