Грант од 11 милиони долари од САД за развој на приватниот сектор и општеството
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Северна Македонија ја доби втората транша во износ од 11 милиони долари од грантот од САД наменет за развојната цел за просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество. Заменик-министерката за финансии, Ширет Елези и претставникот на УСАИД во држвава Ненси Годфри денеска потпишаа Амандман на Договорот за грант, а со којшто УСАИД го зголеми и планираниот износ на средства за предвидената развојна цел, на 25,5 милиони долари.
elezi (1)„Средствата се наменети за активности што ќе овозможат зголемен раст на приватниот сектор, поголема вклученост на граѓаните во носење на одлуките, зајакнато добро владеење и подобрена кохезија во општеството“,  изјави на средбата заменик министерката за финансии Ширет Елези, истакнувајќи дека договорот е од особена важност за државава.
Како што е оценето на потпишувањето, проектите имаат цел да ја зајакнат конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија, да го подобрат пристапот до финансии, да создадат поедноставено деловно окружување и да обезбедат поголема енергетска сигурност.
„За да се промовира учеството на граѓаните, програмите ќе го поддржат јакнењето на граѓанското општество и зголемувањето на професионалноста на независните медиуми. Со цел зајакнување на доброто владеење, обезбедуваме помош за градење на капацитетите на извршната власт, законодавните тела и националните изборни тела. И на крајот, во насока на зајакнување на врските меѓу заедниците, со овие средства се поддржуваат активности кои ќе ја подобрaт меѓуетничката интеграција и ќе го зголемaт вклучувањето на маргинализираните групи во општеството, оцениле на состанокот Елези и Годфри“, соопшти Министерството за финансии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×