Граве го купува Еуролинк осигурување
Објавено на од во Компании
Регулаторот и даде согласност на австриската осигурителна групација Граве да го купи Еуролинк осигурување, втората по големина осигурителна компанија на македонскиот пазар. 
Советот на експерти  на  Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) на последната седница оддржана на 27 февруари,  постапувајќи по барањето на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац, Република Австрија за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во Акционерско друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје, донесе Решение за издавање согласност за стекнување на  квалификувано учество во друштво за осигурување.
Според оваа Решение, кое влегува во сила во денот на донесување, на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG со седиште на ул. Herrengаsse бр.18-20, 8010 Грац, Република Австрија и се дава согласност  да стекне акции, кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75% од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје.
Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG треба да ја изврши трансакцијата за стекнување на акциите во рок од 60 дена од денот на добивање на ова решение и за тоа да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од 5 (пет) работни дена од денот на стекнувањето на акциите.
Еуролинк е втората по големина осигурителна куќа на македонскиот пазар, според износот на бруто полисираната премија, заклучно со третиот квартал во 2019 година. Според извештајот на АСО, Еуроолинк има бруто полисирана премија од 816,3 милиони денари (13,3 милиони евра) и учество од 12,2% на пазарот за неживотно осигурување, зад лидерот Триглав со учество од 16,7%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×