Грчка ТВ Алфа: Коѕијас во следните денови ќе го посети Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Шефот на грчката дипломатија во следните денови доаѓа во Скопје, објави грчката телевизија Алфа.

Во прилогот емитуван во централното издание на вестите, новинарката повикувајќи се на свои извори рече дека започнува клучна недела за преговорите, а Коѕијас на неговиот македонски колега ќе му ја достави нацрт-спогодбата што ја подготвува грчката страна.

„Според информациите на Алфа, Коѕијас се очекува да го посети Скопје во следните денови со првиот лет што ќе слета на аеродромот што ќе го носи новото име „Меѓународен аеродром Скопје““.

Грчкиот министерот за надворешни работи со него ќе го има и грчкиот предлог, во кој според истите извори, во последните 24 часа се средуваат деталите, објави грчката ТВ Алфа, пренесува МИА.

Според телевизијата, во нацрт спогодбата од грчка страна, освен името, вклучени ќе бидат и промените во Уставот што Атина ги бара од Скопје за „отстранување на иредентизмот“.

„Кога ќе постои договор, тој ќе биде комплетен“, изјави за Алфа, функционер од грчката влада.

Грчките медиуми, како што јави дописникот на МИА од Атина, во изминатиот период, интензивно објавуваат дека шефот на грчката дипломатија, до крајот на месецов ќе го посети Скопје, како симболичен потег, по преименувањето на аеродромот, но и за лично да му ја предаде нацрт-спогодбата на Никола Димитров.

За овие информации за можна посета на Никос Коѕијас на Скопје, официјално не постои, ниту потврда ниту демант.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×