Грчката ТВ „Скај“ ги објави чекорите од договорот за името
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ако премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во клучниот телефонски разговор следниве денови стигнат до решение за името и закажат средба во Преспа за официјализирање на договорот, потоа ќе следат неколку фази до ратификацијата на спогодбата во двата парламенти.

Грчки медиуми, како ТВ „Скај“, објавија сценарио со чекори што ќе следат до финализирањето на евентуалниот договор. Тоа предвидува штом завршат преговорите на експертските тимови за техничко-правните прашања, да следи телефонски разговор меѓу Заев и Ципрас, кој, како што објави државната телевизија „ЕРТ“, би се случил до четврток или петок.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според „Скај“, по Преспа, каде што би се потпишал договорот, ќе следи процес што содржи неколку фази:

-        Првиот чекор е премиерот Заев да го донесе договорот во македонското Собрание на изгласување, но не со зголемено мнозинство.

-        Откако договорот ќе добие зелено светло од македонските пратеници, Грција со допис ќе го извести НАТО дека одобрува влез на Македонија во Северно–атлантската алијанса, но под услов да има уставна ревизија.

-        На 28 и 29 јуни, на Самитот на ЕУ, на Заев и официјално ќе му биде доделен датум за почеток на пристапни преговори на Македонија со унијата.

-        На 11 и 12 јули ќе следува официјална покана за влез во НАТО на Самитот во Брисел.

-        Во септември или во октомври, во Македонија ќе се одржи референдум за новото име.

-        По референдумот, македонското Собрание со двотретинско мнозинство ќе треба да одобри уставна ревизија.

-        Откако ќе се заврши со референдумот и ревизијата на Уставот во Македонија, договорот ќе стигне во грчкиот Парламент на ратификација.

Според грчките медиуми, решението ќе биде со име од трите предлози на Нимиц: „Република Нова Македонија“, „Република Северна Македонија“ или „Република Горна Македонија“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×