Грчките банки ги продаваат своите филијали на Балканот  
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

NBGВтората по големина банка во Грција National bank of Greece (NBG) ќе ги продава своите филијали на Балканот, како дел од планот за преструктуирање договорен со европските власти, вели Леонидас Фрагиадакис, главниот извршен директор на NBG во интервју за Ројтерс.

Како и останатите големи банки во Грција, и NBG се ослободува од непотребните активи и странските подружници со цел да се фокусира на главната дејност на матичниот пазар, со цел да ги подобри показателите за капитализираност и ликвидност.

“Многу сме блиску да го објавиме купувачот на Banca Romaneasca”, изјави Фрагиадакис. “Продажбата ќе биде завршена во следните неколку месеци и ќе ја подобри ликвидноста на Банката”.

Покрај продажбата на Banca Romaneasca во Романија, првиот човек на NBG изјави дека NBG планира да продаде и некои свои банки кои работат во Србија, Албанија и Кипар, како дел од договорените обврски со регулаторите.

Засега нема никакви официјални информации дали NBG планира да ја продаде и Стопанска банка Скопје, банката која ја поседува во Македонија.

“Повеќе од 90% од нашето реструктуирање е веќе завршени. Овие операции сочинуваат многу мал дел од обврските договорени во планот, и процесите околу продажбите се веќе во тек”, вели Фрагиадакис.
Фрагиадакис е на чело на NBG во многу тежок период за банката, во кој беа продадени турската подружница Finansbank, бугарската UBB, која беше купена од белгиската банка KBC,ресорот Astir Palace, јужноафриканските операции, а неодамна и делот за осигурување.
Овие продажби и обезбедија капитал на NBG пред претстојниот пан-европскиот стрест тест кој го спроведува Европската централна банка следната година, кој според Фрагиадакис нема да претставува проблем за групацијата.
NBG, која е во 40% сопственост на државниот фонд за спасување HFSF, по три рунди на рекапитализација, планира да се фокусира на домашниот пазар со цел да и помогне на економијата побрзо да закрепне од рецесијата во која се наоѓа.

“Банките не се креатори на растот, туку бизнисите. Ние сме забрзувачи на растот. Банките имаа ликвидност и финансиски инструменти да обезбедат поддршка на приватниот сектор”, смета Фрагиадакис, кој очекува дека кредитниот раст ќе продолжи откако економијата ќе се стабилизира.

Минатиот месец белгиската банка KBC ги купи банката ОББ и Интерлииз од NBG за вкупна сума од 610 милиони евра. Во следниот период ќе претстои спојување на ОББ и Сибанк, која исто така е во сопственост на KBC, за да може во почетокот на 2018 година да почне со работа новата банка, која ќе биде трета по големина во Бугарија.

Неодамна стана јасно и дека уште една грчка банка Piraeus Bank ги распродава своите бинзиси на Балканот, поточно подружниците во Романија, Србија, Албанија и Украина, како и другите нестратешки активи на групацијата во регионот.

Освен овие две, и грчката Алфа банк во изминатиов период продаде неколку свои подружници на Балканот, со што станува повеќе од јасно дека се намалува влијанието на грчките банки во регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×