Грчките медиуми денеска фокусирани на вчерашната изјава на Заев
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Три од седум теми во разговорите за името, веќе се затворени“; „Заев: Прифаќаме географска одредница, но не и временска“; „На половина пат преговорите за името на ПЈРМ“; „Заев откри: Затворени се три од седум отворени прашања“; Заев за името: Не е потребна ревизија на Уставот, затворивме три од седум прашања“; „Заев: Достоинството и идентитетот нераскинливи елементи во преговорите со Грција“, се само дел од насловите во грчките медиуми, во однос вчерашната изјава што премиерот на Владата на Македонија, Зоран Заев, ја даде од Неготино.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, онлајн изданијата на грчките медиуми, генерално го преземаа текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА.

„Запрашан кои се трите прашања што се затворени, премиерот на ПЈРМ, рече дека тие се полесните прашања, без да навлезе во детали за да не се создаде, како што рече, впечаток дека се преговара преку медиумите“, пишува грчката државна агенција АНА-МПА.

„Премиерот на соседната земја Зоран Заев изрази убеденост дека преговорите со Грција за името се движат на добра основа“, пишува онлајн изданието на весникот „Ефимерида тон синтактон“ и потсетува дека седумте прашања во разговорите се: името, употребата на името, идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците.

Токму овие седум прашања, што ги наведува весникот како дел од преговорите, во интервјуто за државната телевизија ЕРТ на 29 јануари, ги спомена и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас.

Во однос на името, грчките медиуми коментираат дека Атина преферира тоа да биде без превод, на македонски јазик и еден слеан збор, додека, пак, Скопје, бара да бидат два одделни збора. Телевизијата „Стар“ вчера објави дека името за кое постои почетна согласност и од двете страни е „Горна Македонија“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×