Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за доверба на Владата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Во вечерните часови се очекува пратениците да гласаат за доверба на грчката Влада, со што и ќе заврши тридневната расправа во Парламентот, додека на гласањето ќе му претходи обраќање на лидерите на политичките партии, а последен, говор ќе одржи грчкиот премиер Алексис Ципрас.
greek parliamentСпоред Уставот на Грција и Правилникот за работа на Парламентот, за Владата да добие доверба, потребно е позитвно да гласаат мнозинството присутни пратеници што не може да биде помало од две петтини од бројот на пратеници односно помало од 120.
Кон средината на јануари, 10 дена пред Ратификацијата на Договорот од Преспа, Ципрас побара доверба од Парламентот за неговата Влада и доби поддршка од 151 пратеник.
Според распоредот на силите во грчкиот Парламент, се очекува вечерва, 152 пратеници да гласаат за доверба на Владата.
Расправата во грчкиот Парламент за гласање доверба на Владата почна во средата попладне со обраќање на премиерот на Грција, Ципрас.
Иницијативата на грчкиот премиер за потврдување на довербата на Владата дојде по поднесениот предлог од лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис за гласање недоверба за алтернативниот министер за здравство на Грција, Павлос Полакис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×