Грчкото МНР се подготвува за Брегзит без договор
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Да се олеснат извозот и царинските процедури, да нема отежнување на животот и секојдневието за 50 илјади Британци кои живеат во Грција и околу 120 илјади Грци во Велика Британија се дел од точите на кои Министерството за надворешни работи на Грција го става акцентот по Брегзит, особено во случај на излез на Велика Британија од ЕУ без договор, наведе алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Милтиадис Варвициотис.
47902166_303Во грчкото МНР денес се одржа конференција “NO DEAL BREXIT: Подготовка на јавната администрација и команиите” за последиците од Брегзит без договор врз грчките компании, земјоделството, трговските ознаки, транспортот и возачките дозволи, врз туристичките бранови, трансакциите и трговската размена.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција рече дека излезот без договор ќе има цена, истакнувајќи дека прашањето е колку е можно повеќе да се намали цената за националната економија и да бидат известени за Брегзит грчките извозници, увозници, бизнисмени, Грци кои живеат во Велика Британија и Британци кои живеат во Грција. Додаде дека стратешка цел е да се подобри соработката, а грчко-британските односи да бидат уште подобри по Брегзит.
“Во случајот со Брегзит, се чини, дека брзо се движиме кон напуштање без договор. Затоа, Грција, како и останатите земји од Европа, треба да биде подготвена за оваа исклучително непријатна разврска, која ќе има цена. Ние преку активностите што ги спроведуваме и со информирање на бизнис заедницата, но и со законските иницијативи што ќе ги преземеме во следниот период имаме цел да ја ограничиме оваа цена на Брегзит без договор”, рече Варвициотис и додаде дека тоа е разврска што не ја посакува ниту Грција ниту Европа.
Заменик министерот за надворешни работи на Грција, надлежен за економска дипломатија, Костас Франкојанис, рече дека практично Велика Британија по излезот од унијата ќе функционира како трета земја и ќе се појават одредени тешкотии, но додаде дека грчкото МНР е подготвено да се соочи со последиците и да им понуди олеснувања на грчките компании, независно од тоа во која област се активни.
“Велика Британија е седма меѓу клиентите на нашата земја и 11-та меѓу трговските партнери на Грција во ЕУ. Во 2018 година билатералната трговија Грција-Велика Британија беше 2,6 милијарди евра, грчкиот извоз достигна 1,21 милијарда евра, а извозот 1,37 милијарди евра”, објасни Франкојанис.
Заменикот шеф на грчката дипломатија истакна дека британските туристи претставуваат околу 9-10 отсто од вкупниот број туристички аранжмани во Грција.
“Падот на “Томас Кук” не беше добра вест и ни дава идеја што може да се случи во случај на Брегзит без договор”, рече заменикот МНР на Грција, надлежен за економска дипломатија.
Според Франкојанис, во случај на Брегзит без договор, Грција последиците ќе ги почувствува во трговската размена, во туризмот, а под влијание ќе бидат и земјоделските производи и трговските ознаки, како и оние компании што се занимаваат со поморство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×