Грција го продаде својот оператор на гас за 535 милиони евра
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

desfaГрчкиот фонд за приватизација (HRADF) потпиша договор за продажба на 66% од операторот на гасната мрежа „Desfa“ за сума од 535 милиони евра, станува јасно од порака на сајтот на институцијата.

Купувачот е Конзорциумот „Senfluga“, кој ги вклучува „Snam“, „Enagás Internacional“ и „Fluxys“. Веројатно договорот ќе биде финализиран до крајот на годината.

Во 2017-та година „HRADF“ објави тендер за продажба на 31% од својот удел во мрежниот гасен оператор и 35% од делот, сопственост од „Hellenic Petroleum“. Интерес имаше од два конзорциума.

Останатите 34% кои во моментов ги држи Фондот за приватизација ќе останат во рацете на грчката држава.

Ова е уште еден обид да се продаде „Desfa“. Во 2016-та година, обидот на Атина да ја продаде компанијата на азербејџанската „Socar“ не успеа.

Приватизацијата на грчкиот енергетски сектор е едно од барањата на кредиторите на земјата. Долги години, сепак земјата не успеа да најде пристап за привлекување на инвеститорите, а и властите да се усогласат со силениот отпор на Грците, кои ја бранеа државната сопственост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×