Грција го продолжи рокот за понудите за продажба на контролниот пакет во Hellenic Petroleum
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грција ќе го продолжи рокот за инвеститорите да поднесат финални понуди за купување контролниот пакет во Hellenic Petroleum  како би им’ дала време да ги допроверат финансиите на компанијата, пишува Ројтерс.

hellenic-Petroleum

Glencore Energy и Vitol Holding беа ставени во потесен избор минатото лето и им’ беше даден рок до крајот на јануари да ги поднесат понудите за 50,1 % удел во најголемата грчка државна рафинерија.

Во понеделникот грчката агенција за приватизација TAIPED се согласи за Glencore Energy да се здружи со CIEP Participations, единица на американската Carlylе Group, а за Vitol Holding да се здружи со алжирската Sonatrach.

Ова се двата конзорциуми кои се очекува да достават понуда за Хеленик Петролеум, која индиректно е сопственик и на рафинеријата Окта во Македонија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×