Грција ќе добие нова транша финансиска помош до крајот на март
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грција исполни 99% од условите за добивање нова транша финансиска помош, но ќе ја добие не порано од крајот на март, се посочува во заклучокот на министрите за финансии од еврозоната на состанокот на Еврогрупата во Брисел.

„Грција постигна многу голем напредок. Исполнети се 108 од 110-те договорени услови. Би рекол дека тоа се 99%, но уште не е 100, а таа работа треба да се доведе до крај“, изјави еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси, по средбата со министрите.

Според раководителот на Европскиот механизам за стабилизација, Клаус Реглинг, Грција нема да може да добие уште една транша од помошта пред втората половина на март.

Состанокот на Еврогрупата беше важен, бидејќи врз основа на констатираниот напредок се очекува решение за доделување на транша од 5, 7 милијарди евра за Грција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×