Грција ќе дозволи употреба и одгледување на канабис за медицински цели
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

CanabisГрција се подготвува да дозволи употреба на канабис во медицински цели преку амандман кој наскоро ќе биде поднесен во парламент, изјави грчкиот министер за земјоделие Јанис Циронис.

“За неколку недели во парламентот ќе биде поднесен амандман како законска рамка за одгледување на канабис и производство на фармацевтски препарати на таа основа, што ќе отвори пат за странски инвестиции во Грција”,  изјави Циронис.

Се проценува дека со инвестициите кои би можеле да влезат во овој сектор Грција би можела да заработи помеѓу 1,2 и 2 милијарди евра, а министерот Циронис  потврдил дека интерес за инвестирање има од грчки, израелски и канадски фирми.
Минатата недела во Грција се организираше првата меѓународна изложба на канабис во медицински цели.
Грчката владa минатата година дозволи условен увоз на некои медицински производи на база на канабис и одгледување на коноп во индустриски цели.

Конопот може да се користи и во градежништвото за изработка на текстил, хартија, во прехраната и за производство на композитен материјал.

Десетина земји на Европската Унија (ЕУ)  го имаат одобрено во медицински цели.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×