Грција не го подмири долгот кон ММФ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
ММФ потврди дека Грција не ја отплати ратата од кредитот во висина од 1,6 милијарди евра. Извршниот директор на ММФ, Кристин Лагард, ќе го извести Управниот одбор на Фондот дека Грција не ги подмири обврските во предвидениот рок и со тоа стана првата развиена земја со неплатен долг кон меѓународниот кредитор.

Портпаролот на ММФ, Џери Рајс изјави дека Атина ќе може повторно да добие пари откако ќе го плати заостанатиот долг, Тој  потврди дека Грција во последната минута молела за одлагање на плаќањето на ратата. Но, околу тоа ММФ ќе разговара кога за тоа ќе дојде време, дополни портпаролот.

Во исто време истече и пет годишната програма за финансиска помош на Грција, а европската „тројка“ не ја прифати ниту двегодишна програма на плаќање на долговите и финансиска помош што во последен момент ја понуди грчкиот премиер Алексис Ципрас. Reuters  пренесе дека не се понудени никакви нови отстапки со кои би се приближиле до барањата на доверителите за спроведување на економски реформи.

Стравувањата од грчкото неподмирување на обврските ги загрижи меѓународните кредитори, кои сметаат дека на крајот тоа ќе доведе до излез на земјата од еврозоната.

Судбината на Грција се’ уште виси на конец во очи референдумот закажан за недела, кога грчките граѓани ќе гласат дали ги прифаќаат мерките за штедење во замена за континуирана меѓународна помош.

Анкетите објавени во грчки „Efiremida ton Syntatkton“ велат дека 54% од Грците планират да се спротистават на предлогот за финансиска помош од меѓународните доверители, наспроти 33% кои тоа го подржуваат.

Пред истекот на рокот за плаќање, министерот за финансии Јанис Варуфакис потенцира дека постои можност за откажување на референдумот, во случај да се постигне договор. Но последниот грчки предлог пристигна предоцна за да ја спаси Грција од евентуален банкрот. Сега земјата ќе го изгуби пристапот до траншата од 1,8 милијарди евра, односно 10,9 милијарди евра за докапитализација на банките.

Зголемената дипломатска активност доаѓа откако во текот на изминатите 24 часа, десетици илјади луѓе излегоа на централниот плоштад „Синтагма“ во Атина. Еден дел од граѓаните бараат одбивање на дополнителните мерките на штедење, додека други се согласуваат со поставените услови од меѓународните кредитори.

Сепак официјална Европа не се предава од изнаоѓање решение, а министрите за финансии велат дека ќе се состанат денеска за последното грчко барање и реструктуирање на долгот.

Останува нејасно колку овој состанок може да биде успешен. Довербата помеѓу Атина и Европа е на „стаклени нозе“ по петмесечните преговори, а односот уште повеќе се влоши откако Атина во саботата одлучи да го стави предлогот на меѓународните доверители на референдум.

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, смета дека референдумот е демократски начин за Грците да одлучат дали ќе прифатат кратење на буџетот и даноците во замена за меѓународна помош.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја отфрли можноста за понатамошни преговори, до референдумот во недела, додека претседателот на Еврогрупата, Јероен Дијсеблом, предупреди дека Атина е добредојдена да побара нова помош, но мора да дојде со нови услови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×