Грција очекува 40 милијарди долари кинески инвестиции по новиот „Пат на свилата“
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грција очекува кинескиот проект, „Патот на свилата“, да ја зајакне нејзината позиција на економски план, да резултира со зголемување на трговската размена меѓу двете држави до три милијарди долари, и во земјата да влезат инвестиции од Кина во висина од 40 милијарди долари.

„Грчкиот бизнис очекува дел од тие 40 милијарди долари, кои Кина ќе ги инвестира во следните три години“, изјави на заменик-министерот за економија на Грција, Стергиос Пициорлас, кометирајќи ја неодамнешната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Пекинг.

За време на посетата на Ципрас во Пекинг беа потпишани два договори за соработка, од кои едниот меѓу конзорциумот „Копелузос“ и „Шенхуа Груп“ во вредност од три милијарди евра во областа на еколошката енергија и меѓу „Фортнет“ и „ЗТЕ“ за изградба на мрежи од оптички калби во Грција во вредност од 500 милиони евра.

Енергетиката, бродоградбата, туризмот и недвижностите се основните сектори во кои Грција очекува кинески инвестиции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×