Грција си легна на брашното?! И официјално побара продолжување на кредитирањето од еврозоната
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грција денеска и формално поднесе барање за шестмесечно продолжување на договорот за кредитирање до еврозоната со цел да се спаси од банкрот, информираат од Еврогрупата.

Со оглед на фактот што претходниот договор за кредитирање истекуваше за помалку од една недела, Владата на левичарот Алексис Ципрас беше принудена да го потпише барањето за да избегне ситуација во која земјата би останала без пари да исплаќа плати, пензии и редовно да ги извршува своите обврски.

Се уште не се познати детали од барањето на Грција и дали тоа ќе биде прифатено од министрите за финансии од земјите од еврозоната.

Во преговорите помеѓу Грција и еврозоната, грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис побара да им биде одобрена привремена финансиска помош, но без да им се наметува обврска да ги спроведуваат мерките за штедење кои им беа наметната со претходниот договор. На тоа остро се спротивстави Германија која инсистира дека Грција нема да добие пари ако не ги прифати строгите мерки за штедење.

Ципрас кој победи на изборите во Грција пред еден месец вети дека Грција нема да ги прифати мерките на штедење кои им беа наметнувани во изминатите неколку години како услов за финансиска помош, туку наместо тоа ќе спроведе други реформи кои ќе и донесат поголема самосталност на земјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×