Грција спремна да игра на картата вето за интеграција на Македонија во ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Ќе направиме сѐ за да се ублажат последиците од Договорот од Преспа, ќе ги заштитиме трговските ознаки и секако, правилно ќе играме, а ако биде потребно и со картата вето за интеграција на соседите во ЕУ, вели министерот за транспорт и врски на Грција, Костас А. Караманлис во интервју за грчкиот весник „Параполитика“.
Supporters Rally For Greek New Democracy Party„Колку и да се обидува СИРИЗА да убеди во спротивното, нашата позиција е цврста: Никогаш немаше да го потпишеме Договорот од Преспа. Сметаме дека е национално штетен, да не речам катастрофален, затоа и направивме сѐ што можевме за да не се изгласа. И сега правиме сѐ за да се ублажат одредени последици, особено да ги заштитиме трговските ознаки на бизнисите од Македонија и секако, правилно да ја одиграме, ако биде потребно и на картата на вето за интеграција на соседите во ЕУ. Тоа е најсилната алатка за притисок што ја имаме во овој момент и сите да бидат сигурни дека нема да ја оставиме неискористена“, вели Караманлис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×