Грција стравува од масовно зголемување на бројот на бегалци на нејзина територија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грција предупреди дека бројот на мигранти на нејзина територија може да се зголеми тројно во следниве недели достигнувајќи повеќе од 70.000 поради затворањето на границите на земјите од балканската рута. Според министерот за емиграција Јанис Музалас околу 22.000 мигранти веќе се на територијата на Грција.

Грција всушност е првото место во Европа за десетици илјади мигранти и бегалци од Блискиот Исток а до ваквата ситуација дојде откако Словенија, Хрватска, Србија и Македонија поставија ограничување од 580 мигранти дневно.
Ова следуваше откако Австрија постави ограничувања и им дозволи само на 3.200 мигранти да поминуваат низ земјата. Атина ја обвини Виена за предизвикување домино ефект за рестрикции на границите на т.н. балканска рута по која одат мигрантите за да влезат во европските земји.
Австрија и балканските земји ја обвинуваат Грција дека не успева соодветно да ги осигура границите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×