Грција за прв пат издаде благајнички записи со негативна каматна стапка
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Грција издаде благајнички записи со негативна каматна стапка за време на денешната аукција, а грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, рече дека ова се случува прв пат во историјата на земјата.
greek_bank_400Од агенцијата за управување со јавниот долг на Грција соопштија дека за благајничките записи во траење од 13 седмици, каматата изнесувала -0,02 отсто, а државата доби 487,5 милиони евра.
Оваа разврска ја коментираше и претседателот на владата на Грција, Кирјакос Мицотакис на денешната седница на пратеничката група на Нова демократија. Говорејќи за економијата рече дека земјата дека земјата веќе е на пазарот со каматни стапки пониски од било кога до сега.
„Пред малку ме известија дека Грција за прв пат во нејзината историја издаде благајнички записи со негативна, го повторувам тоа, со негативна каматна стапка“, рече Мицотакис

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×