Груевски бара азил од Унгарија, јавноста бара одговорност за неговото бегство!
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
gruevski-sud-1

Министерството за внатрешни работи доби и официјална потврда од унгарските власти дека Никола Груевски се наоѓа во Будимпешта и дека поднел барање за политички азил. Потврдата на МВР следуваше неколку часа откако поранешниот премиер Никола Груевски на својот Фејсбук профил напиша дека се наоѓа во Будимпешта и дека заради заканите по живот бара политички азил во Унгарија.
“Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам”, напиша Груевски.
Овој развој на настаните во кои поранешниот премиер наместо во Шутка, избега од државата и од правдата предизвика многу незадоволство во јавноста. Се погласно се бара одговорност од институциите, кои засега само си ја префрлаат одговорноста.
МВР вели дека виновни за бегството на Груевски биле судовите кои не му доделиле притвор, судиите велат дека никој од СЈО воопшто не ни побарале притвор за него.
Дали бегството на Груевски е резултат на неспособноста на институциите или станува збор за дел од поширок пакет за амнестија како резултат на гласањето на осум пратеници од опозицијата за измените на Уставот се само некои од дилемите на кои допрва ќе треба да се дадат одговори.
Во меѓувреме, веднаш по бегството на Груевски, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, како осомничени во неколку случаи се најдоа во притвор, откако СЈО побара, а судот одобри притвор.
“Кривичниот совет ги уважи нашите барања да им одреди мерка притвор. Добивме информација дека покрај Груевски, кој избега на очиглед на сите институции, на ист начин се спремале да избегаат и Јанакиески и Божиновски”, рече обвинителката Лиле Стефанова, која побара на Груевски да му се суди во отсуство и најави дека притвор ќе бара и за други обвинети доколку добијат сомнеж дека се спремаат за бегство.

Во меѓувреме медиумите јавуваат дека Груевски се наоѓа во вилата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, каде ќе го чека одговорот дали ќе му биде одобрен азил или не.
Специјалната обвинителка Катица Јанева се надева дека Унгарија нема да му одобри азил на Груевски и дела Европската Унија ќе направи притисок за тој да биде екстрадиран во Македонија за да се соочи правдата и судските пресуди.
Но, не е сигурно дека може да се очекува ваков развој на настаните, со оглед на фактот што двајца обвинети од СЈО Горан Грујовски и Никола Бошковски кои исто така избегаа од Македонија и беа уапсени во Солун при обид да побегнат во Унгарија. Тие се веќе неколку месеци во Грција, која е членка на ЕУ и на која никој не и прави притисок да ги екстрадира двајцата обвинети со образложение дека тие веќе биле помилувани од претседателот Ѓорѓи Иванов за тоа дело.
Европратеникот  Кнут Флекенштајн смета дека е тешко замисливо Унгарија да му одобри азил на поранешниот премиер на Македонија во бегство.
Но, ако се имаат во предвид пријателството на Груевски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, и отворените врски на двајцата кои веќе подолго време ги имаат со Русија, можеби сепак е поверојатно Груевски да биде прогласен за политичка жртва и да добие засолниште во Унгарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×