Груевски го доби мандатот за формирање влада
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот Ѓорѓе Иванов предмалку му го врачи мандатот за составување влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу пратеници на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11 декември, 51, пред коалицијата на СДСМ, која доби 49 места во Собранието.

Мандаторот има рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, за да договори влада, односно, на Собранието да му поднесе програма на владата и да му го предложи составот на кабинетот.

ЕУ, откако Иванов му го предаде мандатот на Груевски, излезе со став, повторувајќи дека очекува „брзо формирање нова влада“.

Во изјавата што ја даде портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, се повторува дека во Брисел сакаат да видат од Македонија „итна имплементација на реформите, решавање на прашањата за системското владеење на правото, продолжена имплементација на претходните политички договори“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×