Груевски и Заев на одвоени средби со европратеници во Стразбур – нема да даваат изјави
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево во Стразбур имале одвоени средби со европарламентарци од идеолошки блиски партии. Груевски откако пристигнал во Европскиот парламент околу 17 часот, веднаш се упатил на средба со претседателот на групата на Европските народни партии, Манфред Вебер, и со еврокомесарот за соседска политика, Јоханес Хан, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Заев, пак, со својата делегација, која, исто така, се наоѓа од претпладнево во Стразбур, се сретнал со претседателот на групата на Социјалистите и демократите во ЕП, Џани Питела.

На овие и на другите средби со европратеници, Груевски и Заев, секој посебно ги изложувале своите гледишта за ситуацијата во Македонија, пред утрешната пленарна дебата во Стразбур, на Европскиот парламент.

Покрај делегациите на македонските политички партии, за потребите на разговорите во Стразбур се и тројцата „олеснувачи”, европратениците Иво Вајгл, Едуар Кукан и Ричард Ховит, како и еврокомесарот за соседска политика Јоханес Хан.

Според најавеното никој од двајцата лидери нема да даде изјава, ниту е дозволен пристап на ТВ камери.

Прерано е да се даваат прогнози за резултатот од средбата, но еден од олеснувачите на дијалогот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ рече дека охрабрува што овој дијалог се води на највисоко ниво.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×