Груевски: Имам највисока одговорност за резултатот, но изборите не се завршени
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на прес-конференција вечерва оцени дека денешниот изборен ден поминал во недемократска атмосфера и немало фер услови за изборен натпревар. Тој рече дека на гласањето (и во предизборието) имало низа нерегуларности и кршење на Изборниот законик, што придонело за изборните резултати за водство или некаде за победа на СДСМ.

Но, рече Груевски, „изборите не се завршени, а ВМРО-ДПМНЕ е голема партија“.

Тој кажа дека како претседател на партијата има највисока одговорност за изборните резултати, и најави оти по завршувањето на изборите во ВМРО-ДПМНЕ ќе се прават анализи, што неговата партија не направила доволно добро, а влијаело изборниот резултат да биде ваков – уверлива победа на СДСМ.

Пред прес-конференцијата на Груевски, Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ упати порака до него – до лидерот на партијата, да поднесе оставка и да овозможи демократски процес во кој членовите на ВМРО-ДПМНЕ слободно ќе го изберат својот нов лидер, особено сега по срамниот пораз за кој реформаторите го обвинуваат актуелното раководство предводено од Груевски.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×