Груевски: Ќе поддржиме малцинска влада на СДСМ, ако Заев се откаже од законот за јазиците
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Подготвени сме да поддржиме малцинска влада со нашите пратеници, доколку СДСМ се откаже од законот за јазиците, од платформата од Тирана, и редефинирањето и урнисувањето на државата“, порача на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Во драматичниот статус тој се нуди себе си, да биде апсен, затворен и малтретиран, само ако тоа придонесе лидерот на СДСМ, Зоран Заев, „да се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт“.

„Еве, јас доброволно ќе прифатам ако тоа му е услов на Заев да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада колку време сака до наредните избори кои заедно би ги договориле, нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт“, пишува Груевски.

Тој констатира дека новата влада „е направена под жесток надворешен притисок кон ДУИ, во кој многумина учествуваат, а најактивен е еден амбасадор“.

Според Груевски, „основната причина за целата операција за рушење на власта и носење на Зоран Заев е слабеење на државата со цел промена на името и идентитетот на Македонците“, при што „двојазичноста е секундарната цел“ по која ќе започнат „подготовки и за кантонизација како следна цел“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека „кога државата е нападната, само народот може да ја одбрани“, и смета дека „се во заблуда сите оние кои планираат да седат дома во влечки и да гледаат телевизија, верувајќи дека друг ќе им ја заврши работата за заштита на нивната држава“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×