Груевски од вечерашниот собир: Време е Македонија да одговори – овој народ е одговор на сите сценарија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Оние што сакаат да спроведат диктатура на политичкото малцинство вечерва го добиваат одговорот. Македонија не се предава. Македонија е силна. Тројно или четири пати сме побројни отколку тие вчера. Порачуваме, нема повлекување. Нема предавање. Македонија пак победува. Ние победуваме“, истакна премиерот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од собирот што се одржа пред Собранието под мотото „Македонија силна“.

Говорејќи за аферата „Прислушување“ во која лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објавува материјали со цел разобличување на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски рече дека „со креирани, монтирани и прилепувани разговори“, Заев очекувал да се исполни она што „му беа кажале, а овој наивно поверувал, па, говореше дека за три дена ќе сме си заминеле со наведнати глави“.

„Нема да дозволиме експонентот и инструментот на странските разузнавачки служби да ја оствари својата цел. Тој што во општината каде што е градоначалник собира даноци за лично богатење, кој работи со манипулации и интриги, и се ставил на располагање на странски разузнавачки служби, не само што нема да биде премиер, туку нема да може да биде ниту градоначалник на Струмица. Македонија никогаш нема да дозволи да ѝ се случи Заев. Замислете само за момент на власт да дојде премиер што го донела странска служба. Колку ќе биде независен? Тој ќе биде послушник и вазал, и нема да работи за интересите на Македонија“, рече Груевски.

За разговорите во кои се бара излез од политичката криза, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во партијата се спремни да разговараат, но, не и да дозволат решение за политичката криза спротивно на изборната волја на мнозинството граѓани.

Груевски, говорејќи за анкетната комисија за адресирање на прашањата поврзани со политичката криза во државата, а за која веќе е покрената иницијатива во Собранието, рече дека „со или без СДСМ, позитивните чекори ќе продолжат“.

Рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во спорот со името со Грција останува непроменет, и оти партијата не прифаќа промена на уставното име, ниту предлози што ќе го загрозат идентитетот, нацијата и јазикот. „Нема да дозволиме кои и да се политичари да направат нешто во спорот со името без референдум. Разговорите со Грција ќе ги продолжиме со јасно изградени позиции“.

Груевски порача и дека членството во ЕУ и НАТО за оваа Влада останува приоритет, и оти иднината на Македонија е да биде земја членка на ЕУ и НАТО.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×