Груевски побара поддршка за 63 пратеници на „референдумските“ избори
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„На овие избори не е потребна само победа, туку поддршка за 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, побара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешниот партиски собир во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

На 11 декември, како што рече, народот ќе покаже дека добро ја знае вистината за Македонија, за тоа кој и мисли добро на оваа држава, и кој работи и создава дела и проекти.

„Затоа на овие избори не е потребна само победа, туку е потребна поддршка за 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Пратеници кои ќе значат силна порака до сите оние кои мислат дека можат да го заобиколат народот и кои со години го делат и навредуваат, односно, ќе значат крај на црните и мрачни сценарија. Спремни се и целосна двојазичност да воведат само да освојат пратеник повеќе; и кичма да виткаат и интереси државни да распродаваат. Е, затоа е потребно да ги победиме со 63 пратеници“, рече Груевски.

Претстојните избори тој ги нарече референдум, „против она што опозицијата го правеше; за враќање на позитивните теми, проектите и развојот; референдум за Македонија каква што ја сакаме сите, а не Македонија каква што ќе ни ја скројат“.

Груевски ги спомена и шпекулациите за широка владина коалиција во која би влегле ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Се говори и за широки коалиции. Јас сум убеден дека нашата победа ќе биде голема и нема ни да помислат да го спомнат тоа, а камо ли да прашаат. Инаку, и за тоа веќе лобирале кај странците. Која е поентата на изборите ако е тоа така – победил, изгубил да бидеш во власта“, рече Груевски.

Специјалното јавно обвинителство тој го нарече „главен инструмент на СДСМ и на Заев во битката за доаѓање на власт со сила, без волјата на народот“.

„СЈО, кое се формираше со добра намера, да се расчистат работите од креираните материјали, не е толкав проблем што луѓето таму се очевидни подржувачи на СДСМ, не е толкав проблем што бесрамно си доделија тројно поголеми плати од останатите нивни колеги, туку се нафатија да бидат главен инструмент на СДСМ и Заев во битката на доаѓање на власт со сила и без волја на народот, а преку партиска инструментализација на оваа државна институција“, рече Груевски во својот говор на собирот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×