Груевски поднесе оставка – ВМРО-ДПМНЕ ќе избира нов лидер на 22/23 декември
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ на вонреден конгрес на 22 и 23 декември ќе избира нов партиски претседател откако Никола Груевски поднел неотповиклива оставка на денешниот состанок на Централниот комитет на партијата.

На вонредниот конгрес во Валандово, како што информира генералниот секретар Христијан Мицковски, ќе учествуваат 544 делегати кои ќе треба да го изберат наследникот на Груевски.

Иако засега нема официјална потврда, најсериозни кандидати за челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ, според партиски извори, се Мицковски, Никола Попоски, Антонијо Милошоски и Илија Димовски.

Генералниот секретар Мицковски, пред состанокот на ЦК потврди дека не е исклучена можноста тој да биде кандидат за партиски лидер.

Милошоски, пак, рече дека сѐ уште не решил дали ќе се кандидира за наследник на Груевски. Според него е важно да има транспарентен конгрес.

„Помалку е битно новото име за претседател на партијата, повеќе е битен новиот концепт за делување на партијата како една здрава опозиција“, истакна Милошоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×