Груевски пред пратениците на ЕПП: Членството во ЕУ и во НАТО ни е недвосмислена стратешка определба
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Членството во Европската Унија и во НАТО Алијансата преставува недвосмислена стратешка определба на државата, и интензивно се работи на реализацијата на понатамошни реформи што ќе го унапредат процесот и ќе го подигнат на повисоко ниво, истакнал премиерот Никола Груевски во обраќањето пред парламентарната група на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент во Стразбур.

Груевски во францускиот град каде заседава Европарламентот отпатува пред два дена, на разговори со претседателот на СДСМ, посредувани од европарламентарците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, и помогнати од еврокомесарот Јоханес Хан.

На средбите со претставниците на Европската народна партија, Груевски истакнал дека во насока на остварување на стратешките  интереси на Македонија е добредојдена и значајна поддршката од сите пријатели и партнери на земјата кои отворено ги поддржуваат евроатланските интеграции.

Македонскиот премиер имал средба со генералниот секретар на Европската народна партија, Антонио Лопез-Истуриц, како и со потпретседателот на ЕПП и член на европскиот парламент, Јацек Сариуш Волски.

.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×