Груевски предлага победникот на изборите да добие плус 17 пратеници, за стабилна влада
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Предлагаме мнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места за онаа партија што ќе победи на изборите, со што ќе се обезбеди стабилна влада, изјави денеска премиерот Никола Груевски при посетата на општина Студеничани.

„Од СДСМ тврдат дека ќе бидат победници на наредните избори. Тоа е нивно право да го тврдат, но доколку веруваат навистина дека ќе бидат победници, ние им нудиме да изгласаме закон со кој победничката партија кога ќе завршат изборите да добие плус 17 пратеници. Со тоа се формира стабилна влада и нема изговор потоа зошто не се реализирале некои проекти. Значи, таа стабилна влада ќе обезбеди четиригодишен мандат, ќе обезбеди да нема можност за уцени од некои помали партии, ќе имаат сериозно мнозинство, ќе имаат стабилност, државата ќе има стабилност и таа влада би можела да функционира целосно фокусирана на решавање на проблемите на граѓаните“, рече Груевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×