Груевски: Со Хан разменивме мислења за надминување на кризата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, не разговаравме за предлог, туку разменивме мислења за надминување на кризата. Ова накратко го изјави премиерот Никола Груевски по средбата со еврокомесарот Хан, што се одржа во резиденцијата на Европската унија во Скопје.

„Поразговаравме за актуелната политичка ситуација, кажавме она што е вистина, односно она што се случува, тоа е тоа“, изјави Груевски.

Ниту еврокомесарот Хан не сакаше да даде повеќе детали околу средбата. Според него понекогаш е подобро да се имаат само интерни разгоори.

„Понекогаш е подобро да се имаат интерни разговори со цел да се постигне напредок“, изјави Хан.

Инаку, Хан денес  одржа средби со претседателот, Ѓорѓе Иванов, со претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, како и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Пред да замине, се очекува да одржи средба и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×