Груевски: Странците нѐ уверија дека до изборите нема да има нови проценки, ниту услов ќе биде законот за медиуми
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Одлуката за поместување на датумот за изборите беше во наши раце, но и одговорноста која ја носиме за државата. По долги и детални анализи Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за поместување на изборниот ден од 24 април за 5 јуни, со цел не да го задоволиме СДСМ, бидејќи тие како и да е, ќе бегаат од народот, туку за да не бидеме погрешно разбрани и злоупотребени од сите оние кои не ја сакаат Македонија и не сакаат Македонија да оди напред“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на прес-конференција по вечерашното поништување на одлуката за распуштање на Собранието на 24 февруари, што предвидуваше избори на 24 април, и изгласување на 5 јуни како нов датум за изборите, а на 7 април како ден за распуштање на Парламентот (60 дена пред изборите).

Груевски наведе четири причини како дополнителен повод за ВМРО-ДПМНЕ да го прифати одложувањето на датумот за изборите, за кои, како што рече, добил уверувања од претставниците на ЕУ и на САД:

„Претставниците на ЕУ и САД не убедија во четири работи. Прво, дека ова е единствено поместување; второ, дека нема да има разно- разни преговори за организацијата на изборите, бидејќи и тие сега веруваат дека ДИК ќе има доволно време за прочистувањето на Избирачкиот список; трето, дека нема да има поставување на никакви други услови за одржување на изборите на 5 јуни, вклучувајќи го и законот за медиумите; и четврто, дека нема да има нови проценки за тоа дали земјата е подготвена за избори, од страна на ЕУ и САД“, изјави Груевски.

Тој добил уверување и од ДУИ дека цврсто стојат зад одлуката за избори на 5 јуни, зашто „државата не може да биде заложник на СДСМ“.

Груевски потоа и директно му се обрати на претседателот на СДСМ, Зоран Заев:

„Заев вечерва самиот призна дека се создадени сите услови за да се оди на 5 јуни на избори, кога рече – ништо повеќе не зависи од Никола Груевски. Затоа Заев, ајде на избори, собери храброст и соочи се со народот. До 5 јуни можете да зборувате и да глумите сѐ, дури и победници. На 5 јуни ќе видите кој е побеникот и кој е поразениот. СДСМ единствениот спас го чекаа во поинаква наша одлука, сега и тоа го загубија. Излегле или не на избори, ќе видат што е референдумско гласање за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија“, рече Груевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×