Груевски: ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие избори
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие избори и нема никогаш да ги смета за фер и демократски избори, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и побара предвремени парламентарни избори согласно пржинскиот модел, што би биле спроведени од техничка влада како и парламентарните избори од 11 декември 2016.

„Сакам да објавам дека поради изборно насилство и силување на демократијата, силување на државата. Поради констатирани, евидентирани и документирани изборни нерегуларности; поради бруталниот терор што се вршеше во овие пет недели; поради нечовечките закани, бруталните притисоци, масовниот поткуп. Поради кривичните дела кои ги направија во изборите и согласно одлуката на Извршниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие избори и нема никогаш да ги смета за фер и демократски избори“, изјави Груевски.

Во име на ВМРО-ДПМНЕ тој изнесе седум барања до власта:

-Организирање предвремени парламентарни избори согласно пржинскиот модел, кои ќе бидат спроведени од техничка влада како и парламентарните избори од 11 декември 2016;

-Итна смена на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и именување на директор од редовите на опозицијата;

-Оставка на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, и враќање на старото законско решение од редовите на опозицијата;

-Итна истрага и вештачење на уредите за прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) поради сомнеж дека се прислушуваат најмалку 100 лица од ВМРО ДПМНЕ;

-Итно завршување на судењето на Заев за поткуп;

-Основање на специјално јавно обвинителство кое ќе има ингеренции за расчистување на изборните нерегуларности во 2016 и 2017 поради злоупотреба на целиот државен апарат;

-Итно ослободување на лицата и прекин на постапките за сите обвинети и осомничени за настаните од  27 април.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×