Групацијата „Аџибадем“  презема пет болници во Бугарија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Sistina-za-otvaranje„Аџибадем Систина“ станува тренинг центар за дел од медицинскиот персонал во Бугарија

 Клиничката болница „Аџибадем Систина“ станува дел од најголемата медицинска групација во Бугарија „Аџибадем Сити Клиник“.  Договорот со кој се преземаат пет приватни болници во Бугарија официјално беше потпишан минатата недела во Софија.

 

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ станува дел од најголемата медицинска групација во Бугарија „Аџибадем Сити Клиник“. Договорот официјално беше потпишан минатата недела во Софија, а со истиот се преземани пет болници од Република Бугарија.

Меѓу нив е и една од најпознатите бугарски болници “Токуда“ во Софија, која располага со 550 кревети и се протега на 53 илјади метри квадратни. Истата вклучува 37 оддели и 23 операциони сали.

Освен „Токуда“  преземани се уште четири болници познати под името City Clinic – две во Софија, една во Бургас и една во Варна.

Претседателот на Одборот на директори и главен извршен директор на „Аџибадем Систина“ во Македонија,Јордан Камчев, по потпишувањето на договорот рече дека со ова преземање „Аџибадем Систина“ се позиционира на балканската мапа на приватниот медицински бизнис:

„Со ова преземање се позиционираме на балканската мапа како најголеми оператори во приватниот медицински бизнис. Зделката беше договорена пред извесен период, а откако се добија сите потребни согласности од институциите во Бугарија договорот се реализира и од денеска официјално почнува со работа под името – Аџибадем Сити Клиник“, изјави бизнисменот Камчев.

Исто така, додаде Камчев, болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје ќе стане тренинг центар за дел од средно – медицинскиот персонал и за административните работници од бугарските болници.

Новата компанија која настанува со спојувањето на овие клиники, неодамна е формирана во Холандија. Според изјавите на инвеститорите, 46, 5% од акциите и припаѓаат на „Аџибадем“ Турција, 15% на „Систина“, 15% на AFC и 23, 5% на 10 приватни инвеститори од Бугарија.

„Тоа за нас претставува сериозна сатисфакција што сега дел од имплементацијата на најсовремените софтвери од работењето на „Аџибадем“ заедно со колегите од Истанбул ќе треба да ги имплементираме и во бугарскиот здравствен систем“, рече тој.

Во однос на бенефитите што ќе ги добиваат македонските државјани пак, тој посочи дека токму преку „Аџибадем Систина“ во Скопје, тие ќе можат многу побрзо и по подобра цена да добијат дел од услугите во бугарските болници.

„Синергијата што ќе се создаде меѓу нас и меѓу болниците во Бугарија ќе има позитивно влијание на голем дел на македонски пациенти кои досега ги користеа услугите и на „Токуда“ и на “City Clinic“ во Бугарија.

City-Clinic-Cardio-vascular-Center-Sofia„Сити клиник“ постои шест години и има три болници и три медицински центри. Овие болници се лидер во лекувањето на кардиоваскуларни и онколошки заболувања. Онколошката болница важи за една од најсовремените во Европа каде се сместени апаратите од најновата медицинска технологија.

Инаку, составен дел токму во една од болниците на „City Clinic“, која станува дел од оваа групација, е и онколошкото одделение кое располага со најсовремените апарати во оваа дејноста на ниво на цело Европа.

Извршниот директор на „Аџибадем“ Турција, Мехмет Али Ајдинлар истакна дека со ова спојување Бугарија станува една од водечките земји во регионот која ќе нуди највисока класа на медицинска грижа.

„Овој договор е во линија со стратегијата на „Аџибадем“ да се фокусира на понатамошни развиени клучни пазари во Централна и Источна Европа и на Балканскиот регион. Препознавајќи ја потребата за висок квалитет и здравствен систем со висока технологија, овој договор е навистина од големо значење за „Аџибадем“. Светски познатиот бренд „Аџибадем“ има одлично развиен клинички процес, прецизен менаџмент и оперативен пристап. Вредно е да се спомене дека спојувањето на четирите болници ќе ја претвори Бугарија во една од водечките земји во регионот која ќе нуди највисока класа на медицинска грижа“, изјави Мехмет Али Ајдинлар, претседател на Бордот на директори на „Аџибадем Сити Клиник“ и претседател и извршен директор на „Аџибадем“.

Инаку, новата компанија која настанува со спојувањето на овие клиники, неодамна е формирана во Холандија. Според изјавите на инвеститорите, 46, 5% од акциите и припаѓаат на „Аџибадем“ Турција, 15% на „Систина“, 15% на AFC и 23, 5% на 10 приватни инвеститори од Бугарија.

Tokuda-1„Токуда“ е најголема приватна болница во Бугарија каде за 10 години поминале преку три милиони пациенти. Болницата има 1.500 вработени, меѓу кои 40 лекари и медицински персонал се од Македонија. Според статистиките, во оваа болница годишно се лекуваат 240 илјади пациенти, од кои 5 илјади странци – најчесто од Македонија, Балканот, Русија, Украина и ЕУ.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×