Групацијата Триглав доби повисок кредитен рејтинг
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
S&P GR го подобри профилот на деловен ризик на Групацијата Триглав и го  процени како силен првенствено како резултат на подобрените услови на словенечкиот осигурителен пазар.
ZAVAROVALNICA TRIGLAV

 

 

 

 

 

 

 

На 1-ви јули 2016-та година Агенцијата за оценување на бонитет S&P Global Ratings (во продолжение S&P GR) го подигна долгорочниот кредитен рејтинг, како и рејтингот за финансиска моќ на Заваровалница Триглав и на нејзината подружница Позаваровалница Триглав РЕ, а со тоа и на Групација Триглав од “А-” на “А”. Обете бонитетни оценки имаат стабилна среднорочна прогноза.

S&P GR го подобри профилот на деловен ризик на Групацијата Триглав и го  процени како силен првенствено како резултат на подобрените услови на словенечкиот осигурителен пазар, коишто пак се должат на намалениот ризик на земјата, известуваат од компанијата која што е присутна и на македонскиот пазар преку Триглав осигурувањe –  лидер според вредноста на вкупната осигурителната премија. Благодарение на инвестициското портфолио на групацијата и особено поради неговата диверзификација, на профилот на финансиски ризик на групацијата му беше доделен повисок рејтинг и истиот беше оценет како исклучително силен. Дополнително, во својот извештај S&P GR нагласи дека групацијата има обезбедено сеопфатна реосигурителна заштита.

Кредитниот рејтинг„A“ го рефлектира единствено самостојниот кредитен профил на Групацијата Триглав и не е последица од статусот на осигурителот како ентитет поврзан со државата. Воедно S&P GR нагласи дека Групацијата успешно го поминува хипотетичкиот тест на изложеност на ризик на земјата. Тоа значи дека во случај на остварување на тој ризик, бонитетната оценка на Групацијата Триглав би можела да биде повисока од бонитетната оценка на Република Словенија.

Стабилната среднорочна прогноза ги одразува очекувањата на S&P GR дека Групацијата Триглав и во иднина успешно ќе ја спроведува планираната стратегија и ќе го зачува исклучително високото ниво на адекватноста на капитал и профитабилноста во следните две години, велат од осигурителот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×