Губењето на апсолутната власт го омекна егото на Ердоган – побара што побрза да се формира коалициска влада
Објавено на од во Политика

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика партиите во Турција да го тргнат егото на страна и да формираат што е можно побрзо коалициска влада. Оваа изјава на Ердоган доаѓа само три дена по парламентарните избори на кои неговата Партија на правдата и развојот (АКП) го изгуби мнозинството во парламентот. Тој очекува партиите да преферираат решение, а не криза и предупредил дека не се надева на криза и хаос во Турција, дека тие што се надеваат на тоа сепак ќе останат разочарани.
Ердоган истакнал дека волјата на народот треба да биде почитувана. Политичарите немаат право да кажат „јас“, треба да велиме „ние“, додал тој.
АКП, која управува од 2002 година, на последните избори во неделата доби 258 пратеници во 550-члениот парламент, кемалистичката ЦХП – 132, националистичката МХП – 80, колку и прокурдската ДПН.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×