Гугл лансира нов самоуправувачки автомобил
Објавено на од во Автомобилизам
Првите неколку прототипови на самоуправувачките автомобили на „Гугл“ ќе се појават на патиштата во Калифорнија ова лето, а интернет-гигантот најави дека тие ќе се движат заедно со преостанатите учесници во сообраќајот.

„Google Inc“ соопшти дека започнува со тестирање на најновите прототипи на самоуправувачки автомобили, кои ќе бидат побезбедни за возачите. Тие ќе се приклучат на моделите Лексус, кои веќе неколку години користат идентичен софтвер за самоуправување.

Иако се дизајанирани да работат самостојно, сепак возачите ќе имаат можност да користат преносен волан, педала за гас и кочница, во случај да треба да ја преземат контролата врз возилото.

Досега компанијатата регистрирала 12 сообраќајни несреќи во кои се вклучени дел од прототипите. Но како што соопштуваат од интернет-гигантот, најчесто незгодите биле предизвикани поради човечки грешки.

Претходно овој месец, Гугл „лансира“ веб-сајт специјализиран за самоуправувачки автомобили. Ова следеше откако се зголемија критиките на голем број клиенти и потрошувачи, дека компанијата не дава доволно информации за проектот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×